178
Независно од размената меѓу Дибала и Лукаку, Марио Манџукиќ ќе потпише за Манчестер јунајтед.
Според „Газета дело Спорт“ и „Тутомеркатовеб“, Марио Манџукиќ ги договорил личните услови и ќе потпише двегодишен договор со можност и за трета.
Тој ќе заработува по 6 милиони евра по сезона, а Јунајтед за него ќе плати 15 милиони евра.
Минатата сезона иако не беше секогаш стартер, постигна 10 гола и седум асистенции во 33 натпревари за Јувентус.
Медиумите на островото пак сметаат дека со 33 години Марио Манџукиќ е премногу стар за да потпише за Манчестер јунајтед.