Фудбалерите на Арсенал загубија вредни бодови на стадионот „Молину“ откако испуштија 2-0 против последнопласираниот Вулвс.
Со головите на Сака и Хинкапи Арсенал изгледаше сигурно, но „волците“ се вратија во игра преку Уго Буено и Том Едоузи и стигнаа до израмнување. Лондонскиот тим сега има пет бода предност во однос на Манчестер Сити, кој сепак има натпревар помалку и може таа разлика да ја намали на само два бода.
Артета по ремито беше искрен и призна дека е тешко да се прифати такво издание на фудбалерите.
„Премногу работи беа погрешни. Најдобро е сега да не се суди. Емоциите се премногу силни и ова не е момент за тоа. Кога нема да настапиш како што треба на ова ниво, мора да примиш удар. Ние денес го заслуживме“, изјави Артета.
Неговата искреност изненади многумина, меѓу нив и поранешниот фудбалер на Арсенал, Пол Мерсон.
„Шокиран сум од интервјуто на Артета. Првпат го гледам да не е позитивен. Обично излегува и зборува за тоа што направиле добро… Сега вели дека го заслужиле ударот, наместо да излезе и да каже дека имаат пет бода и уште се лидери“, порача Мерсон.