На Островот сезонава може да се случи чудо какво што немало повеќе од четири децении!

by Стефан
1 минути читање

Цели 41 година, шкотскиот фудбал чека некој да ги симне од тронот Селтик и Ренџерс, а ако тоа никогаш не било поблиску од оваа сезона.

Селтик и Ренџерс со децении имаат уникатна доминација во домашното првенство и заедно поседуваат неверојатни 110 шампионски титули. Двата гиганти се израмнети со по 55 освоени трофеи, а последниот клуб кој успеал да ја прекине нивната хегемонија бил Абердин.

Тоа се случило далечната 1985 година, кога Абердин, предводени од легендарниот Сер Алекс Фергусон. По тој успех, Фергусон се пресели во Манчестер јунајтед, каде што изгради една од најголемите фудбалски тренерски кариери во историјата.

Од тогаш па наваму, никој друг освен Селтик и Ренџерс не бил шампион на Шкотска. Но, оваа сезона работите би можеле да се променат, откако неочекувани ветрови почнаа да дуваат од Единбург.

Тимот на Хартс оваа година игра можеби и најдобар фудбал во Шкотска и сериозно конкурира за историска титула. Тимот од Единбург моментално е лидер на табелата, со шест бода предност пред Селтик и Ренџерс, но тоа не е единствениот аргумент во нивна корист.

Хартс делува најзрело, прави најмалку грешки и има совршен скор во дерби-натпреварите, неверојатни 4 победи од 4 натпревари. Овој тим го совлада Селтик и дома и на гости, а истото го направи и против Ренџерс, јасно испраќајќи порака дека е подготвен за големи нешта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×