Арсенал подолг
период беше во преговори со Месут Озил и Алексис Санчез околу продолжување на
соработката со двајцата клучни играчи во тимот.
Од информациите
кои ги пренесува „Сан“, се вели дека клубот е блиску до договор со Германецот
кој наводно се согласил на неделна плата од 225,000 фунти која била последна
како понуда од раководството на тимот од Лондон.
Сепак, како
причина за придвижување на работите кон договор на обете страни, се наведува
фактот што Озил подолг период бил во исчекување на голем клуб од Европа кој ќе
му понудел нешто поголема плата во однос на претходно наведената, па со оглед
на фактот што не добил примамлива понуда, тој е подготвен да стави потпис на
нов договор, актуелниот му истекува идното лето.
Сега Арсенал
преостанува да го доработи и вториот дел од мисијата која ја зацрта ова лето,
да обезбеди продолжување на соработката и со Алексис Санчез кому исто така
актуелниот договор му истекува идното лето.