Oд Островот пристигнуваат информации кои би можеле да го променат текот на сезоната во Премиер лигата.
Имено според последните информации, Манчестер сити би можел да се соочи со губење на 40 бодови во скандалот со над 115 обвинувања за кршење на финансискиот фер-плеј.
Сослушувањето во овој случај е завршено, но пресудата се уште не е донесена. Сепак, извори од Островот сугерираат дека „граѓаните“ би можеле да се соочат со казна од оземање на бодови и дека тоа сигурно нема да биде директно исфрлање во пнизок ранг.
„Не очекувам да испаднат од лигата. Мислам дека ќе дојде до големо одземање на бодови, претхјодно претпоставував декаќ е одат до 50. Но тогаш беа во врвот на Премиер лигата, сега очекувам да биде помѓу 20 и 40, веројатно и ембарго за трансфери во текот на летото. Очекувам да бидат казнети, а тоа ќе биде победа за Манчестер сити и победа за Премиер лигата бидејќи сепак ќе станува збор за најголемото одземање бодови во историјата, но повторно не толку силно за да го дестабилизира клубот“, изјави екпсетот по економија Роб Вилсон.