Словенечкиот клуб Олимпија Љубљана одлучи да преземе неверојатни мерки кон сопствените навивачи. Тие решија да ги тужат своите навивачи поради бројните инциденти кои ги приредија оваа сезона.
Олимпија играше во Конференциската лига на УЕФА, а фановите направија доста глупости за време на натпреварите. Од УЕФА пристигна казна од 183.125 евра, како и дополнително затворање на трибините на следната европска средба.
Поради ова Олимпија реши да потегне реални потези кон однесувањето на навивачите.
„Од 2022 година клубот на УЕФА мораше да ѝ плати повеќе од половина милион евра на име на казни поради слични прекршоци на трибините. Тие санкции ни се изречени поради повторување на нередот, насилните дела и расизмот на поецинци. Олимпија остро се оградува од тие навивачи. На насилството и расизмот не им е место на стадионите. мора да се стави крај на тоа однесување.
Управата на вонреден состанок донесе одлука и против поединци ќе поднесе кривични пријави и ќе побара отштета. Со помош на камерите и персонализираните влезници виновниците ќе бидат откриени, а надлежните ќе одлучуваат за казните“, стои во дел од соопштението.