На Норвежанцот му здосади да биде резерва, сака да се пресели во нов клуб!

by Стефан
1 минути читање

Александар Серлот е незадоволен од својот статус и сериозно размислува да го напушти Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок.

Норвежанецот смета дека мора да добива поголема минутажа доколку сака во врвна форма да го дочека Мундијалот во 2026 година.

Кај Диего Симеоне најчесто влегува од клупата, а статистиката тоа јасно го покажува. Оваа сезона запиша само 14 настапи во сите конкуренции и собра нешто над 600 минути на теренот.

Учинокот му е скромен, два гола во Ла Лига, додека во Лигата на шампионите едвај доби прилика, настапувајќи на три натпревари со само 130 минути вкупно.

Серлот има 29 години и верува дека може да оствари уште еден голем трансфер, иако во Атлетико е само година и пол.

Пред да пристигне во Мадрид, напаѓачот промени низа клубови: Виљареал, РБ Лајпциг, Реал осиедад, Кристал палас, Трабзонспор, Гент, Мидтјиланд, Гронинген, а своите први фудбалски чекори ги направи во татковината, во Розенборг и Бодо глимт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×