Лукас Мура се пронајде себе си во дресот на Тотенхем, клуб за кого потпиша
минатиот зимски преоден рок, а тимот од Лондон направи одлична инвестиција во
26 годишниот бразилски офанзивец од кого веројатно допрва ќе гледаме уште
подобри партии.
Катастрофата за Манчестер јунајтед синоќа на Олд Трафорд ја почна Кејн, а
ја запечати токму Мура со два гола во серија, сосема заслужено тој беше
прогласен за играч на мечот, а неговата статистика докажува дека наградата е
сосема заслужена.
Бразилецот имаше 35 допири со топката, 26 спринта (најмногу на дербито), и
тоа што е најважно, 2 шута и исто толку погодоци.
Од друга страна пак, вреди да се издвои и фактот што на ниту еден фудбалер
на Тотенхем досега не му успеало да постигне два гола против Манчестер јунајтед
на гостински терен.
data-lang="en">