На Мундијалот во Русија падна рекорд по бројот на пенали

by
1 минути читање

На Светското
првенство кое се одржува во Русија пред самиот крај на групната фаза од тоа
натпреварување соборен е рекордот по бројот на досудени пенали, а сево ова
најмногу се должи благодарение на ВАР технологијата, односно прегледувањето на
снимките.

Со ударот од
белата точка кој беше досуден за Иран на мечот против Португалија
, а и оној кој главниот арбитар на таа
средба Енрике Касерес го досуди за спротивната екипа беше поставена бројка од
вкупно 20 на првенството во Русија, со тоа надминат е рекордот кој претходно
беше поставен на шампионатите во Италија 1990, Франција 1998 и Јапонија и Јужна
Кореја 2002 година, на кои беа досудени по 18 удари од белата точка.

Остануваат уште
28 натпревари кои треба да се одиграат, а доколку продолжи ваквиот тренд на
Мундијалот, би можело да се стигне до бројка од неверијатни 36 пенали на 64
натпревари, со што би се дуплирал рекордот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани