18 годишниот Французин е желба на речиси сите гиганти ширум Европа, но Монако не сака да слушне за негова продажба и веќе одби понуди вредни и до 135 милиони евра.
Зинедин Зидан имаше средба со својот сонародник во обид да го убеди да му се придружи во Реал Мадрид, а со играчот и неговиот татко разговараа и Арсен Венгер, Пеп Гвардиола и Унаи Емери.
Па на Монако му дојде „прку глава“ и клубот од Стадионот Луј Втори вечерва се закани со тужби.
„Монако за жал може да забележи дека големи клубови од Европа остварија контакт со Килијан Мбапе (и неговата придружба) без наша дозвола“ – гласи известувањето.
„Монако сака да ги потсети овие клубови дека ваквата постапка е спротивна на правилата на Фудбалската федерација на Фрнција и правилата на ФИФА“.
„За да ставиме крај на оваа ситуација која е неприфатлива, Монако размислува да побара од ФФФ и ФИФА да покрене дисциплинска постапка против овие клубови“.