На Милан треба да му се честита, „росонерите“ се исценкаа и за Калиниќ

by
1 минути читање

„Росонерите“ се
на чекор до десетото засилување ова лето, на пат кон Сан Сиро е Никола Калиниќ.

Новото раководството
на Милан изминативе два месеци заврши одлична работа, и навистина треба да им се честита
откако успеаја да се исценкаат и за услугите на Хрватот.

Фиорентина
минатиот месец побара 30 милиони евра за Никола Калиниќ и постојано нагласуваше дека тој нема да замине доколку не биде платена оваа сума.

„Виолетовите“
потоа ги спуштија барањата на 25 милиони евра, за на крајот да се сложи на нов
компромис и да ја прифати последната понуда на Милан.

Речиси сите
медиуми од Италија пренесуваат дека двата клуба вечерва си подале рака.

Никола Калиниќ се
сели во Милано на позајмица за која ќе бидат платени 5 милиони евра, а
„росонерите“ ќе бидат обврзани следното лето во целост да го откупат играчот за
додатни 20 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани