Неколку извори од Италија пренесуваат дека „росонерите“ го губат трпението со Рафаел Леао, немаат намера да го чекаат Португалецот да стане главен играч на Сан Сиро, па ќе го продадат доколку пристигне интересна понуда.
Рафаел Леао е во фокусот на фудбалската јавност во Италија по реакцијата на синоќешниот натпревар против Лацио, кога мрзеливо го напушти теренот, дури голманот Мајк Мењан требаше да претрча половина терен за да го турне побрзо да биде заменет.
Португалецот потоа одби да се поздрави со тренерот Макс Алегри, а во соблекувалната влегол во расправија и со Кристијан Пулишиќ, незадоволен зошто не бил проигран во два наврати .
Rafael Leão wasn't happy about being subbed in the 66th minute during AC Milan's 1-0 defeat to Lazio 😤 pic.twitter.com/v42C5EpG6u
— Football on TNT Sports (@footballontnt) March 16, 2026
Последните информации велат дека на „росонерите“ им е преку глава од Рафаел Леао, па напаѓачот летоска ќе биде продаден доколку пристигне интересна понуда.
Милан го направи напаѓачот најплатен на Сан Сиро, сметаше дека тој ќе стане главен играч околу кој ќе се гради тимот, но Рафаел Леао не покажува знаци на прогрес, па директорите го губат трпението и не сакаат повеќе да чекаат за тој да порасне.
Во минатото за неговите услуги интерес имаше од екипи како ПСЖ, Барселона, Арсенал, Челси и Манчестер јунајтед, па останува да се види дали некој летоска ќе тропне на вратата на Милан, се верува дека цената која „росонерите“ ќе ја бараат ќе изнесува помеѓу 80-90 милиони евра.