Наташа Андонова
го запиша деби погодокот за Барселона во Лигата на шампионите, таа прецизно
стрелаше против Гинтра во високата победа од 0-6.
Но за фудбалските
љубители ширум светот најинтересен момент на оваа средба е една акција во
второто полувреме.
Голманот на Барса
киксираше при една долга топка, па дури три фудбалерки на домашниот тим се
најдоа сами пред празната мрежа.
Но тие се
„степаа“ кој да даде гол, се сопнаа една од друга и го креираа еден од
најкомичните моменти во фудбалот.
Could this be the Miss of year ? Gintra-University players get all mixed up against Barcelona, UEFA Women’s Champions League #womensfootball #UWCL Video: Barcelona TV pic.twitter.com/wPAKtzKMt0
— WomensSoccerUnited (@WSUasa) November 8, 2017