142
Генералниот
менаџер на Интер, Бепе Марота тврди дека не ја гледал сопругата а воедно и
агент на Мауро Икарди, Ванда Нара на „Тики Така“, и дека веќе е уморен од сите
шпекулации кои се шират за напаѓачот на Нероаѕурите.
Интер потврди
минатата седмица дека имале ‘пријателски’ состанок со
Ванда, но нема никакви сигнали дека има желба кај Аргентинецот да се врати на
тренинзите, односно натпреварите за италијанскиот прволигаш.
„Тики Така? Не го
гледам тоа“ рече Марота по состанокот на екипите кои се натпреваруваат во Серија А.
„Тоа почнува
доцна, а ние наутро во 7 часот стануваме од спиење, мораме да работиме, кога ќе
зборуваме пак? Доста е од сево ова…“ одговори Марота.