Каталонскиот клуб
долго време пријавуваше интерес за Марез, но, Алжирецот со француско потекло
веќе има други приоритети кога станува збор за заминување од минатогодишниот
шампион на Англија.
Наводно 26
годишниот офанзивец веќе е со мислите за интересот на Арсенал, познато е дека
францускиот стратег Арсен Венгер има нескриени желби да го види Марез во своите
редови, и покрај тоа што моментално е фокусиран на ангажман на Алехандре
Лаказет од Лион, но во однос на оваа тема од челниците на францускиот клуб доби порака која најверојатно нема да ја прифати позитивно.
Англиските
медиуми во текот на денов во јавноста пласираа дека Арсенал и Манчестер Сити се на прагот да направат трампа која на големо се шпекулира дека ќе се оствари,
откако челниците на двата клуба веќе имале средба и разговарале на оваа тема.
Се чини дека кога
станува збор за засилувања во тимот ова лето, Барселона гледа приоритет во
Марко Верати и Ектор Бељерин, за фудбалерот на ПСЖ е се поизвесно дека ќе се
пресели во каталонскиот гигант, но во однос на бекот на Арсенал кој неодамна
потпиша долгогодишен договор со својот клуб, се чини дека останува само
шпекулација низ медиумите.
Марез има важечки
договор со Лестер кој го обврзува на верност со клубот до 2020. година, на
трансфер пазарот вреди 30 милиони евра, но тимот од „Кинг Пауер“ за услугите на
напаѓачот бара околу 40 милиони евра.