На Манчестер Сити му е кажано да заборави на Шкринијар

by
1 минути читање

Медиумите на
Островот изминатиов викенд се занимаваа со иднината на дефанзивецот од Интер,
Милан Шкринијар, наведоа дека Манчестер Сити уште сега се подготвува за нов
обид за да го обезбеди потписот на Словакот уште во јануарскиот преоден рок.

На Островот
пренесоа дека англискиот првак посебен акцент ставил на обидот за ангажман на
словачкиот дефанзивец, а се наведува потенцијална сума од 60 милиони евра, сево
ова доаѓа по кризата во одбраната на тимот од „Итихад“, меѓутоа тој веројатно
ќе треба да заборави на Шкринијар.

Според пишувањата
на „Тутоспорт“, се вели дека шефот на стручниот штаб на „Нероаѕурите“, Антонио
Конте јасно посочил дека Шкринијар не е за продажба и го наведол Словакот како
еден од клучните фудбалери на таа екипа од кого се очекува многу.

Интер на одличен
начин ја стартуваше новата сезона во Серија А бележејќи две победи во низа, а
веројатно е дека Шкринијар и по јануарскиот преоден рок ќе остане во Милано, а
воедно ќе биде од голема помош за Интер и во Лигата на шампионите оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×