На Левандовски не му се веруваше, судијата не му призна чист гол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Полска со 3-0
славеше над Казакстан и се врати на првото место во Групата Е, а средбата во
Варшава ја одбележа еден контроверзен момент во второто полувреме.

Роберт Левандовски изведе слободен удар, голманот на гостите ја закачи топката,
таа ја помина гол линијата и се врати во поле.

Главниот судијата сепак не
досуди ништо, Роберт Левандовски и Полјаците протестираа, но помошникот самоуверно одмавна со главата. Сепак од повторените снимки јасно се гледа дека се работи за гол.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани