1,9K
Во Хрватска вчера се одигра натпреварот помеѓу Славен Белупо и Шибеник, екипите на Илија Несторовски и Леонард Жута кој на крајот заврши со победа на домашниот состав од 2-0.
По натпреварот во хрватските медиуми ја издвоја и ситуацијата од првото полувреме кога во телевизискиот пренос можеше да се слушне коментар на Несторовски упатен кон Жута.
Несторовски очекуваше жолт картон за Жута по еден дуел, но тоа не се случи.
Коментаторот на „Макс Спорт“ го забележа моментот, меѓутоа сепак не сакаше да го цитира македонскиот напаѓач.