На кое ниво се симна Баерн, сака тренер што испадна од Премиерлигата!

by bojan
1 минути читање
Компани

„Баварците“ продолжуваат да разгледуваат кандидати за нов тренер, а последните информации говорат за изненадувачко име и ангажман на Винсент Компани, кој со Барнли испадна од Премиерлигата.

Баерн Минхен мака мачи да ангажира наследник на Томас Тухел, и откако дури седум имиња отпаднаа од комбинација изминатиов период, раководството на клубот започна нови интерени дискусии за ангажман на нов тренер.

Како што пренесува Фабрицио Романо, „баварците“ би можеле да повлечат изненадувачки потег, нов кандидат е Винсент Компани, кој со Барнли испадна од Премиерлигата.

Работата на стратегот од Белгија очигледно е ценета и покрај тоа што не успеа да го задржи Барнли во елитата, па негово име е и на радорот на Брајтон, кој е во потрага на нов кормирал по разделбата со Де Зерби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани