На Кејн и Ван Дајк им се заканува суспензија за третото коло од СП

by
1 минути читање

Капитените на Англија и Холандија, Хари Кејн и Вирџил ван Дајк сакаат да носат капитенска лента со боите на виножитото како поддршка за ЛГБТ заедницата.

Катарските власти не ги почитуваат човековите права како што тоа се прави во западниот свет, а на нивна страна е и ФИФА која им ги удоволува сите барања.

Според „Дејли Мејл“, ФИФА ѝ се заканила на Англија дека доколку капитенот носи лента со поддршка за ЛГБТ заедницата, ќе биде санкциониран со жолт картон на почетокот од натпреварот.

„Ние како тим, стручен штаб и организација сме јасни во нашиот став, сакаме да ја носиме лентата. Знам дека ФА разговара со ФИФА и пред натпреварот ќе знаеме на што сме“, вели Кејн.

Доколку Кејн не отстапи од својата одлука да ја носи лентата и заработува жолти картони на почетокот од мечевите, тоа ќе значи дека ќе има два жолти во првите две кола и ќе биде суспендиран за третиот натпревар.

Истото му се заканува и на капитенот на Холандија, Вирџил ван Дајк.

„Доколку добијам жолт картон за носење на лентата, ќе треба да дискутираме за тоа бидејќи не сакам да играм со жолт картон“, изјави Ван Дајк.

Англија и Холандија денеска го почнуваат настапот на Светското првенство. Англичаните од 14 часот играат со Иран, а Холанѓаните од 17 часот против Сенегал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани