На Јунајтед му следува релативно лесен распоред во Премиер лигата – ќе падне ли шишање?

by riste
1 минути читање

Навивачот на Манчестер Јунајтед, Френк Илет чека повеќе од една година за тимот да врзе пет победи и тој да го исполни ветувањето дека тогаш ќе си ја ишиша косата која во меѓувреме достигна навистина големи размери.

Неодамна ситуацијата беше надежна, Јунајтед врза три победи по ред, но серијата тука запре.

По завршувањето на репрезентациите, Манчестер Јунајтед ќе го има најлесниот распоред за пет последователни кола во Премиер лигата оваа сезона.

Иако може да се каже дека во Премиер лигата секој може да победи секого, реално од распоред е во категоријата на лесни.

Јунајтед прво е домаќин на Евертон, потоа му гостува на Кристал Палас, тоа ќе биде најтешкиот меч, па на Олд Трафорд ќе го пречека Вест Хем, потоа оди кај отпишаниот Вулвс, и на крајот игра дома со Борнмут.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×