На играч на ТНС му цртаа бројка на дресот среде натпревар, играше со смешна 18ка! (ФОТО)

by riste
0 минути читање

На мечот меѓу ТНС и Шкендија кој заврши без голови 0-0 се случи еден интересен момент кога играч на велшкиот тим имаше проблем со дресот.

Во финишот од првото полувреме, фудбалерот Рори Холден требаше да го замени дресот, а домаќините немаат втор ист дрес. Решението беше на празен дрес со маркер да нацртаат бројка, во случајов 18ка.

Реагираа брзо, ја нацртаа бројката, му го дадоа дресот на Холден да го облече и тој продолжи да игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×