На Ибица се решава иднината на Верати, пристигна и неговиот агент

by
1 минути читање

Веќе пренесовме
за тоа дека Италијанецот од редовите на Париз Сент Жермен, Марко Верати во
моментов е на одмор на Ибица, а од таму за „Мундо Депортиво“ откри дека сака да
потпише за Барселона, како што вели тој – „сега, или никогаш“.

Се чини дека „Мундо
Депортиво“ е мошне активен на оваа тема, па така најновите информации кои овој
медиум ги пренесува велат дека на Ибица е пристигнат и агентот на Верати,
Донато ди Кампли.

Фото: mundodeportivo.com:

Се поизвесно е
дека иднината на Верати ќе се реши во следните неколку денови, изјавата на
Италијанецот говори многу околу неговите желби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани