Новинарите му посочија на Пеп Гвардиола дека полека се претвора во Жозе Мурињо откако на навивачите на Ливерпул им покажа колку титули освоил во Манчестер Сити, а стратегот даде брутален одговор.
Манчестер Сити е во голема резултатска криза, на последните седум натпревари има дури шест порази.
Па изминатиов викенд, навивачите на Ливерпул решија да го закачаат Пеп Гвардиола и неколку пати му пееја „Утре ќе добиеш одговор“.
Стратегот не остана покус и одговори со покажување на шест прста како алузија на шесте титули кои ги освои во Премиерлигата со Манчестер Сити.
Па на вчерашниот прес, новинарите му посочија на Пеп Гвардиола дека полека се претвора во Жозе Мурињо, кој фамозно покажуваше три прста за да ги потсети луѓето дека освоил три титули во Премиерлигата со Челси и заслужува повеќе почит.
Новинарот кој го постави прашањето исто така потсети дека во тој момент почнал крајот на „специјалниот“ на кормилото во Манчестер јунајтед, а на ова Пеп Гвардиола даде брутален одговор.
„Има една голема разлика, тој освои три титули, јас освоив шест титули!“ – рече Пеп Гвардиола.
„Но да, во реакцијата сме слични. На нашите навивачи треба да им покажеме дека сме многу, многу подобри од луѓето кои пееја такви песни (навивачите на Ливерпул кои пееја „Утре ќе добиеш отказ“).
„Гестот беше само за нашите навивачи да знаат дека она што го имаме направено е извонредно. Сакам да им докажам дека сме неверојатен клуб. Порано или подоцна ќе дојде крајот, но ќе се обидам што е можно подолго да носам успеси за овој клуб“.
За тоа дека полека ги губи нервите и повеќе не покажува смиреност, Пеп вели: „Никогаш не сум бил смирен. Победувавме па затоа не бев нервозен. Но кога губите, друга е ситуацијата“.