Напаѓачот вчера
одново беше херој на „Колчонероси“ на гостувањето кај Еспањол.
Антоан Гризман го постигна единствениот гол на средбата, со кој Атлетико Мадрид се врати на 3+ во однос на Севиља во битката за местото кое води директно во групната фаза од Лигата на
Шампионите.
За Французинот
ова беше и 100. погодок во Ла Лига, но гостувањето во Барселона се одвиваше
добро се додека играчот не почна да разговара со медиумите по крајот на
натпреварот.
Расположението на Антоан Гризман се промени кога новинарот на беИН го праша за иднината, па наместо одговор, играчот си замина сред интервју.
„Не сакам да
разговарам повеќе” – рече напаѓачот и се упати кон соблекувалната.
Репрезентативецот
на „Триколорите“ во неколку наврати истакна дека е среќен во Атлетико, но и
покрај тоа често се пишува за негов трансфер во Манчестер јунајтед.
„Црвените Ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула на играчот вредна
100 милиони евра.