Фламенго пред
неколку месеци можеше да го купи Габигол за 22 милиони евра, но откако не
реагираше на враме, клубот од „Маракана“ може да остане без напаѓачот.
Двата погодока на Бразилецот во финалето од Копа Либертадорес придонесоа неговата
цена да скокне, Интер сега бара десетина милиони повеќе.
Исто така, на
„нероаѕурите“ не им се брза бидејќи иннтерес пројавуваат и неколку клубови од
Европа како Кристал Палас, Вест Хем, Фиорентина, Порто и Ваљадолид.
Неколку извори од
Италија пишуваат дека легендарниот Роналдо прави напори да го донесе Габигол на
„Хозе Зориља“.
„Феноменот“, кој
е сопственик на Ваљадолид, е голем фан на играта на својот сонародник и подготвен
е да направи големо финансиско жртвување.