135
Манчестер јунајтед вчера донесе непопуларна одлука да му даде отказ на Сер Алекс Фергусон од амбасадорската функција во клубот и со тоа да го симне од платниот список на клубот со што ќе заштеди.
Ваквата одлука не им се допадна на најголемиот дел од навивачите, кои сметаат дека клубот треба да се фокусира на реалните проблеми, а не на човекот кој направил најмногу за клубот.
Новинарот на „Дејли Мејл“, Мајк Киган тврди и дека Сер Алекс Фергусон и членовите од бордот на Манчестер јунајтед добиле забрана да влегуваат во соблекувалната на Олд Трафорд.
И ова е чудна одлука на клубот бидејќи јасно е дека фудбалерите може да имаат само корист во дополнителна мотивација ако Фергусон ги посети.