„На Европското првенство 1992 година игравме и за Југославија, заеднички ја освоивме титулата“

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот голман на Манчестер јунајтед, Питер Шмајхел, во своето последно интервју се наврати на Европското првенство во 1992 година, кога Данска сензационално стигна до титулата, иако првично воопшто не се пласираше.

Патот кон историјата за Данците се отвори откако Југославија беше исклучена, па тие ја добија шансата да ја заменат и ја искористија на најдобар можен начин.

„Сезоната заврши, сите мислевме само на одмор. Никој не помислуваше на Европското првенство, а потоа стигнаа најавите дека Југославија нема да може да настапи. Искрено, не го посакувавме тоа, ниту за нас, ниту за нив, премногу тага имаше. Но кога веќе се случи, моравме да одиме и да дадеме максимум“, раскажа Шмајхел.

Тој додаде дека клучен момент бил првиот натпревар, ремито 0-0 против Англија, кое им донело огромна самодоверба.

„Од тој момент сè се претвори во авантура. Беше чудно, затоа што бевме сместени во хотелот наменет за Југославија, па имавме чувство дека играме и за нив., а кога ја освоивме титулата, беше како да направивме нешто заедно“, вели данската легенда.

Фото: Manchester United/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×