На двајца фудбалери на Манчестер јунајтед им било кажано дека можат да си одат во јануари

by
1 минути читање

На Немања Матиќ и Маркос Рохо им било соопштено дека можат да го напуштат Манчестер јунајтед во јануари кога е зимскиот преоден рок.

Играчот од средниот ред Немања Матиќ и дефанзивецот Маркос Рохо не се дел од долгорочните планови на Солшер и може да си одат ако најдат соодветен клуб.

Младиот Скот МекТоминеј и Фред се првиот избор на Солшер и тоа нема да се промени, па речиси сигурно е дека српскиот интернационалец во јануари ќе има нов клуб.

Матиќ има само два стартни настапи оваа сезона, вкупно седум пати се појави на теренот. Ситуацијата на Рохо е уште полоша.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×