153
Бенфика има добра сезона во Европа, но навивачите се незадоволни од нивниот учинок во домашното првенство, па бараат тренерска смена.
Очигледно Жорге Жесус сериозно си ги сфатил критиките па договори заминување.
Синоќа во својот дом имал состанок со директори на Фламенго и паднал договор за негово враќање во бразилскиот клуб.
Бидејќи е под договор со Бенфика, потребно е и договор меѓу двата клуба по што ќе се знае кога тој ќе замине.
Навивачите му замеруваат дека преговарал со друг клуб пред португалското Класико меѓу Порто и Бенфика кое се игра во четврток во рамките од Купот на Португалија.