На Дешамп не му се допаѓаат новите правила: Тие минути можат да го променат натпреварот

by Стефан
1 минути читање

Францускиот селектор Дидие Дешамп не го криеше незадоволството по триумфот од 2:1 против Бразил, реагирајќи на новото правило за воведување паузи во текот на двете полувремиња.

ФИФА неодамна потврди дека ваквите кратки прекини, во траење од по три минути, ќе станат практика и на претстојниот Мундијал, што веќе отвори дебата меѓу фудбалските стручњаци.

Според Дешамп, ваквата одлука може негативно да влијае на динамиката на играта и да го наруши ритамот на тимовите.

„За телевизиите и рекламите сигурно е добро, но тие паузи можат да го променат натпреварот. Без разлика колку еден тим е силен, три минути се доволни да ви биде нарушен ритамот, ако веќе сте во налет“, смета Дешамп.

Од Светската фудбалска федерација, пак, објаснуваат дека мерката се воведува со цел да им се овозможи на фудбалерите кратко освежување во услови на високи температури, но и како можност селекторите да дадат дополнителни насоки на своите играчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×