По победата над Ерменија, сениорската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот гостува кај Грузија во второто коло од Лигата на нации.
За фудбалерите на Игор Ангеловски ова ќе биде и генерална проба пред октомврискиот меч против Косово, а ако ги поминеме нив можеби токму Грузија ќе биде последниот противник за пласман на Европското првенство. Па овој меч се гледа и од тој апсект.
Македонија на овој меч ќе биде без Иван Тричковски и Кире Ристевски кои поради повреди отпаднаа од стројот. За разлика од мечот со Ерменија, се очекува Горан Пандев да почне од првата минута, но не и да го одигра целиот натпревар.

Три часа порано почнува натпреварот меѓу младинската репрезентација на Македонија и Фарските Острови.
Трите бодови од ова гостување се речиси неопходно за тимот на Благоја Милевски да ги одржи шансите за второто место во групата.
Фарските острови по пет меча имаат само три бода, но тие ги остварија против Израел кој ни е главниот ривал за тоа второ место кое може да носи на Европско првенство.
Фото: ФФМ