На денешен ден Зидан изведе ремек-дело во финалето од Лигата на Шампионите (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

На денешен ден, пред точно 23 години, Зинедин Зидан го постигна еден од најславните голови во историјата на Лигата на шампионите. Францускиот маестро, кој подоцна како тренер го однесе Реал Мадрид до три последователни титули во ова елитно натпреварување, како фудбалер триумфираше само еднаш и тоа во натпревар во кој тој беше херој со спектакуларен гол..

Финалето на 15 мај 2002 година во Глазгов, помеѓу Реал Мадрид и Баер Леверкузен, го реши токму Зидан со волеј-гол кој и до денес се смета за ремек-дело. Во последната минута од првото полувреме, по една нафрлена топка од лево, Зидан маестрално ја зафати топката со левата нога и ја испрати под пречката за конечни 2-1

Можно е и ова да ти се допаѓа

×