На денешен ден, пред 24 години, фудбалската
репрезентација на Македонија предводена од селекторот Андон Дончевски го одигра
првиот меѓународен официјален натпревар.
Македонија славеше убедливо со 1-4 на гостувањето во Крањ
против Словенија, а нашата селекција настапи во следниот состав: Мицевски,
Грозданов, Јовановски, Канатларовски, Најдовски, Јаневски, Бошковски,
Марковски, Панчев, Бабунски и Мицевски.
Првиот гол за нашата селекција го постигна Зоран
Бошковски, а стрелци за нашиот состав беа уште и Панчев, Јаневски и
Канатларовски.
„Тоа е
златна генерација. „Децата“ од мојата генерација беа кадарни да се фатат во
костец со најдобрите Европа и затоа без двоумење прифатив да бидам селектор
затоа што имав верба во нив“ вели Дончевски во изјава за
официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија.