На Бове му е имплантиран дефибрилатор, ќе ја напушти болницата до крајот на неделата

by bojan
1 минути читање
Бове

Медиумите од Италија пренесуваат дека утрово успешно била извршена операција со која на Едоардо Бове му е имплантиран дефибрилатор, фудбалерот на Фиорентина се очекува да ја напушти болницата до крајот на неделата.

Во отсуство на официјално соопштение од Фирентина, голем број на извори попладнево пренесоа дека на Едоардо Бове му е имплантиран дефибрилатор.

Утрово операцијата била успешно извршена во болницата Креџи во Фиренца, каде Едоардо Бове беше примен на 1. декември.

Дефибрилаторот може да се отстрани, па фудбалерот во консултација со докторите во иднина ќе може да одлучи дали ќе го користи на перманентна основа, или пак ќе го извади.

Медиумите исто така очекуваат Едоардо Бове во следните денови да ја напушти болницата, односно најдоцна до крајот на неделата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×