На Бензема му требаа 16 натпревари да погоди против Атлетико, Реал слави во дербито на Мадрид (ВИДЕО)

by
0 минути читање

„Кралевите“ привремено се на +6 на врвот на табелата откако попладнево со 1-0 го добија дербито на Мадрид против Атлетико. Гостите беа подобар противник во првиот дел, креираа неколку добри прилики, додека пак Реал не го стави на тест Облак.

Клучниот момент се случи на стартот од вториот дел, Менди нафрли од левата страна а Бензема од пет метри го матираше Облак.

За Французинот ова беше прв погодок во градското дерби на Сантијаго Бернабеу, му беа потребни дури 16 натпревари за конечно пред своите фанови да ја затресе мрежата на „колчонероси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×