152
Бразилецот е
приоритет на „Каталонците“ и се верува дека клубот од Камп Ноу веќе се
договорил со играчот.
Останува сега
Барса да пронајде заеднички јазик и со Ливерпул, но преговорите не одат лесно.
„Црвените“ веќе
одбија една понуда вредна 80 милиони евра, а медиумите од Франција велат дека
ист бил одговорот и на вториот предлог.
Добро упатеното
Радио Монте Карло вели дека „Каталонците“ на маса ставиле 100 милиони евра, но
Ливерпул и за оваа сума кажал НЕ.
Барселона сега ќе
ја чека преселбата на Нејмар во ПСЖ за да тропне на вратата на Ливерпул со уште
побогата понуда, и зделка која ќе го надмине сегашниот рекорден трансфер на Пол
Погба.