„Кралевите“
летоска ќе прават реконструкција на тимот, па секој ден се поврзуваат со голем
број на имиња. Доцна вечерва, неколку извори од Шпанија пренесоа дека во
тренинг центарот на Реал во Валдебебас бил одржан состанок помеѓу директорот на
Реал, Хосе Aнхел Санчез и познатиот фудбалски агент Фали Рамадани.
Фали Рамадани
застапува голем број на играчи, но медиумите од Шпанија во прв план ставаат
две имиња: Миралем Пјаниќ од Јувентус и Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт.
Оваа недела веќе се појавија стории кои велеа дека Зинедин Зидан побарал од
Флорентино Перез да му го донесе Босанецот и се говореше за трампа во која Реал
на Јувентус ќе му го понуди Тони Крос.
Што се однесува
до Лука Јовиќ, Србинот претходно ретко се поврзуваше со трансфер во Реал.
Напротив, тој е една од главните цели на Барселона за засилување на нападот и
често е дел од шпекулациите на „каталонските“ медиуми.
Па посетата на
Фали Рамадани на Мадрид дополнително ги заплеткува работите и носи драма во
настапот на трансфер пазарот на двата лути ривали од Шпанија.
Биди модерен, обложувај
се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај
се ТУКА.