На Барса и требаат пари за реконструкција на тимот, на продажба дури 9 фудбалери

by
2 минути читање

На својата
насловна страна, денешното издание на Спорт пренесува дека летоска од Камп Ноу
би можеле да заминат дури 9 фудбалери.

Весникот пишува
дека дека лидерите на Барселона се свесни дека им е потребна реконструкција на
тимот, или со други зборови, подобрување на секој дел од тимот.

„Каталонците“
мора да донесат засилувања од светска класа, и за да реализира ова, потребни се
стотици милиони евра, пари кои Барселона ги нема.

Низата нови
договори на најголемите ѕвезди, како и оној кој треба да го потпише Лео Меси ги
„цицаат“ парите.

Буџетот за плати
изнесува преку 70% од вкупните проходи.

Па Барса нема
друг избор освен по крајот на сезоната да стави голем број на фудбалери на
продажба, од Камп Ноу би можеле да заминат дури 9 имиња.

Спорт пишува дека
први на листата за заминување се Арда Туран и Жереми Матју.

„Каталонците“
имаат идентификувано и седум играчи кои би можеле да заминат доколку пристигне
добра понуда.

На овој список се
наоѓаат Алкасер, Рафиња, Андре Гомеш, Денис Суарез, Дињ, Силесен и Видал.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани