На Барселона ова и се случува само по трет пат во историјата, Флик на чекор до голем рекорд

by bojan
1 минути читање
Ханси Флик

Барселона по трет пат во својата историја има 7 од 7 на стартот од сезоната во Ла Лига, по синоќешната победа над Хетафе, Ханси Флик е на чекор до рекордот на Тата Мартино од сезоната 2013/2014.

Барселона синоќа славеше против Хетафе, Роберт Левандовски донесе минимална победа од 1-0.

Па „каталонците“ го задржаа 100% учиник во Ла Лига, и само по трет пат во својата историја има 7 од 7 на стартот од сезоната во најсилното првенство на Шпанија.

Претходно седум победи на стартот наредија Ернесто Валверде во 2017/18 и Тата Мартино во 2013/14.

Тата Мартино отиде и чекор понапред, тој забележа осум победи во низа, рекорд кој Ханси Флик може да го изедначи во сабота, кога Барселона гостува кај Осасуна, задача која нема да биде лесна бидејќи тимот од Памплона е одличeн на домашен терен оваа сезона, ги победи Мајорка, Селтa и Лас Палмас и одигра реми против Леганес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани