„Баварците“ не планираат во целост да го купат Николас Џексон, во моментов 65 милиони евра им изгледаат многу, па размислуваат за други опции и ангажман на Душан Влаховиќ.
Николас Џексон изминатово лето ја имаше една од најлудите трансфер приказни, пристигна во Минхен на потпис со Баерн, па доби наредба да се врати во Лондон по повредата на Лиам Делап.
Сепак, Сенегалецот инсистираше да остане во Минхен, и на крајот заврши на позајмица со опција во целост да биде купен.
Два ипол месеци подоцна, медиумите од Германија пренесуваат дека „баварците“ не се премногу импресионирани од партиите на Николас Џексон, плус 65 милиони евра им изгледаат многу, па во моментов не размислуваат за перманентен трансфер.
Баерн Минхен разгледува други опции, и една алтернатива е ангажман на Душан Влаховиќ, минатиот месец веќе бил остварен контакт со агентите на Србинот.
Напаѓачот може да биде ангажиран беспари, неговиот договор со Јувентус истекува на 30. јуни и во моментов нема никакви преговори за продолжување на соработката.