Тренерот на Арсенал, Микел Артета вели дека му требале само 10 секунди да го ангажира Рахим Стерлинг, напаѓачот веднаш му покажал дека е желен да се докаже.
Во последниот ден од летниот преоден рок се случија неколку изненадувачки трансфери, еден од нив беше преселбата на Рахим Стерлинг во Арсенал.
„Стерлинг е гладен за успех, бев прилично изненаден“ – вели Микел Артета.
„Првиот разговор кој го имавме, по само 10 секунди знаев дека треба да го ангажираме, навистина сакаше да ни се придружи“.
Тој потоа додаде: „Стерлинг изгледа одлично, има голема насмевка на лицето, многу енергија. Сака да докаже нешто“.
„Кога гледате дека фудбалер е гладен за успех, сама да игра секоја минута, дека е посветен и полн со енергија, знаете дека ќе ви биде од корист. Подобри сме со него, сигурно ќе не направи подобар тим“.