19
Томас Тухел стави потпис на нов договор со Англија, ќе биде селектор до 2028 година, односно до завршувањето на Европското првенство.
Актуелниот договор на Тухел траеше заклучно со престојното Светско првенство, но поради неговите одлични резултати, ФА речи да му понуди продолжување на договорот кој тој го прифати.
„Многу сум среќен и горд што го продолжувам мојот престој во Англија. Не е тајна дека ја сакав секоја минута досега во работата со моите фудбалери и тренери, не можам да дочекам да почне Светското првенство“, рече Тухел.