На Анчелоти му се „смешка“ нов договор: Совршен е за репрезентацијата на Бразил!

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторската приказна на Карло Анчелоти во Бразил би можела да продолжи и по завршувањето на Светското првенство, најави претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Самир Шауд.

Италијанскиот стратег ја презеде репрезентацијата во мај минатата година и има важечки договор до крајот на Мундијалот, но раководството на ЦБФ веќе размислува за продолжување на соработката. Според Шауд, разговорите се во тек и постои взаемна желба Анчелоти да остане на клупата.

Разговорите веќе траат, а двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката. Продолжувањето на договорот пред СП е многу важно за бразилскиот фудбал. Анчелоти за кратко време го потврди својот квалитет, тој е совршен за репрезентацијата на Бразил“, изјави Шауд.

Анчелоти досега ја предводеше бразилската репрезентација на осум натпревари, а во ЦБФ веруваат дека со подолг континуитет може да изгради стабилен и конкурентен тим за идните предизвици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×