Утрово, Колумбија
и Чиле го одиграа последниот четвртфинален меч на Копа Америка. Популарните „Ла
Роха“ славеа на пенали и се пласираа помеѓу четирите најдобри.
Колумбијците иако
не загубија и не примија гол во Бразил, си ги пакуваат куферите и си одат дома. Разочарувањето
е големо, а селекторот Карлос Кеироз е особено незадоволен од промената на
правилата која им била сооштена непосредно пред почетокот.
Откако се воведе
ВАР, беа дадени нови насоки и судиите не треба да креваат офсајд кога се работи
за тесна ситуација. Акцијата треба да биде довршена, па доколку падне гол, со
помош на видео технологијата ќе се проверува дали имало неправилна ситуација
или не.
Но судијата
Нестор Питана сега ги известил Колумбија и Чиле дека нема да свири ниту еден
офсајд се додека не заврши акцијата.
„Боговите на
фудбалот полуделе, невозможно е кога има офсајд на 40 метри од голот да се
дозволи акцијата да продолжи. Не знаеме што да правиме во ваква ситуација, дали
да продолжуваме да се бориме или не? Замислете ситуација во која дефанзивецот
прави прекшок и добива црвен картон. Што ќе се случи тогаш? Ќе проверат и ќе
видат дека било офсајд, но дали црвениот картон останува да важи? На 15 минути
пред почетокот на натпреварот бевме известени за промена во правилата. Судијата
дојде во соблекувалната и ни кажа дека нема да се суди офсајд се додека не
заврши акцијата. Вака не може“ – вели Карлос Кеироз.
И селекторот на
Чиле ја прокоментира промената на правилата, но тој не беше толку жесток со
оглед на тоа дека неговиот тим илезе како победник од дуелот.
„Би му кажал на
Интернационалниот борд или кој и да е задолжен за правилата, дека има одредени
недоследности во ова правило. Кога има очигледен офсајд а се дозволува играта
да продолжи, кога тогаш ќе се случи сериозна повреда на напаѓач или голман“ –
вели Реиналдо Руеда.
ВАР два пати
стапи на сцена на дуелот помеѓу Колумбија и Чиле, и беа поништени два гола на
„Ла Роха“ од кои едниот беше поради офсајд од неколку сантиметри.