По промената на во раководството Вардар денеска ја одржа првата прес-конференција која беше организирана од навивачката група „Комити“.
Додека се чека новиот сопственик, Атила Бижен Жалили „Комити“ повторно застанаа пред медиумите согласно најавената транспарентност. Во овој момент навивачката група со 15% е малцински акционер преку здружението „35 години Вардарци Скопје“.
За случувањата во клубот информираше Милорад Миленковсски.
„Согласно нашата транспарентност сакавме јавно да излеземе и да презентираме како стојат работите. Сакавме тука да се присутни новиот извршен директор и сите од одборот директори, затоа што станува збор за „клуб на народот“ и сакаме така да остане. Би било во ред и господинот Атила Бижен Жалили кога се уште не сме го виделе да се појави во јавноста и објасни какви се плановите со клубот. Како и да е ние сме тука како бранители и искрени поддржувачи на Вардар.
Средба со владата имавме на 10 јуни и ни кажаа дека имаат решение за Вардар, но треба да им ги предадеме акциите. Инсистираа Миленко Неделковски да биде извршен директор. Прво не прифативме, но на 3 јули бевме принудени да му пружиме рака на Миленко и постигнавме договор да задржиме 15% од акциите за да реагираме ако следи лош тек на настаните.
Договорот со Атила Жалили се завери на 10 октомвори и на 11 ноември како што Миленко милува да каже во 11 часот и 11 минути се одржани Собрание на кое се потврдија промените. Еден извршен член е поставен од Атила Жилали и тоа е Миленко Неделковски, тука се уште три неизвршени членови од нивна страна и еден неизвршен член од наша страна.
За неизвршни членови на Одборот на директори на Вардар се избрани Владо Петровски, Александар Кузмановски и Борче Крстоски Илиоски, а за неизвршен член од наша страна е предложен и избран Мартин Гелев.
Немаме стереотипи кон одредени луѓе, само кажавме дека Миленко не е достоен да биде во Вардар, нашиот став е дека на чело на Вардар треба да биде човек кој не го поларизира општеството и не ги политизира работите во спортот. владата се појави и ни даде гарант дека работите ќе бидат во ред.
Претставник на Владата во разговорите беше Владимир Неловски и во тие разговори јасно ни беше кажано: Или Миленко ќе биде во Вардар или клубот нема да постои. Знаевме дека немаме некои силни преговарачки опции и единствено што можевме е да прифатиме“, разјасни Миленковски.