Франческо Тоти синоќа го одигра последниот натпревар за Рома, емоциите беа огромни, а поранешните и актуелните фудбалери уште пишуваат посвети за „принцот“ на Рим.
Една интересна доаѓа од Адриан Муту кој открива како реагирал Тоти кога дознал дека Рома сака да го купи од Фиорентина. Романецот преку својот инстаграм профил ја објави сторијата.
„Еден од моите идоли се пензионира. Една од најдобрите десетки во светот кој имаше влијание на моето детство но само со неговата класа или стил, туку и со неверојатните голови“ – пишува Муту.
„Франческо, беше чест да се игра против тебе. Гледајќи ги и восхитувајќи им се на твоите вештини“.
„Како фудбалер никој нема ништо негативно да каже а сигурен сум дека истото е и како човек“.
„Ќе ви раскажам една случка која секогаш ќе остане со мене“.
„Дали се сеќавате на летото кога бев блиску до трансфер во Рома?“.
„Еден ден, Франческо ми се јави и рече: „Адри, јас ќе се откажам од 1 милион евра од мојата годишна плата и ќе и ја дадам на Фиорентина за да можеме да играме во тандем заедно. Дали би дошол?“.
„Да бидам искрен, не можев да речам не во тој момент, како би можел кога Тоти вели нешто такво за мене?“.
Муту тогаш не отиде во Фиорентина бидејќи тогашниот тренер на „виолетовите“, Чезаре Прандели се закани дека ќе си поднесе оставка доколку раководството не го задржи Романецот, но тој никогаш нема да го заборави гестот на Тоти.