Арсенал тргна
добро во новата сезона од Премиерлигата, барем солидно ако може да се каже, ако
се земе во предвид дека тимот на Унаи Емери со 11 бода е на делба на третото
место на табелата, со три победи, две ремија, како и еден пораз досега.
Сепак, проблемите
во последната дефанзивна линија во таборот на „Топчиите“ останаа, па колкав и
да биде придонесот на средниот и напаѓачкиот ред, одбраната остана сериозен
проблем за Арсенал, нешто за што јавно критикуваше и првата ѕвезда на тимот
Обамејанг.
Иако има само
еден гол позитива во гол-разликата, Арсенал на 11 постигнати погодоци, во
сопствената мрежа прими дури 10, а кога говориме за клин шитот, односно
натпреварите без примен гол, интересна реакција на социјалните мрежи бележиме
од еден навивач на „Топчиите“.
„Мразам што ќе го
кажам ова но Мустафи имаше два натпревари и реализираше два клин шита“ напиша
извесен Адевиј Брит, а на тој негов коментар саркастичен одговор даде самиот
Мустафи.
„Извини што ги
реализирав тие два клин шита“ му возврати Германецот.

Иако поминаа шест
кола во Премиерлигата, Мустафи досега нема забележано настап во најсилниот
шампионат на Англија, но, стартуваше во победата кај Ајнтрахт Франкфурт во Лига
Европа, како и синоќешниот триумф над Нотингем Форест во Лига Купот на Англија,
два меча на кои „Топчиите“ не примија гол.