Мустафи е импресиониран од Артета: Тој го обедини Арсенал, како професор е

by
1 минути читање

Мустафи зборува за влијанието на Артета кој во декември седна на клупата на Арсенал.

„Тој наликува на професор“, вели Артета.

„Тој знае точно каде сака фудбалерите да бидат кога ја имаме топката и како да реагираат кога ќе ја загубиме топката. Посебен е“.

„Кога ќе ја додадам топката јас само се фокусирам каде треба да бидам во случај да ја загубиме топката, но тој сака да имам придонес и во офанзивата. Па постојано треба да создаваме опција за фудбалерот кој ја има топката“.

„Кога имате 28 години и сте играле во различни земји со повеќе тренери, мислите дека знаете се, но тогаш доаѓа тој и гледате дека има работи кои никогаш не сте ги знаеле претходно“.

„Понекогаш не сфаќам колку е тешка работата да се обедини составот во едно. Вообичаено од 25 фудбалери, можеби 20 се согласуваат со тренерот а пет сметаат дека треба да играме поинаку. Откако дојде Микел, сите 25 фудбалери сме со него, тоа не е лесно да се постигне. Сите го разбираат и се што ќе каже тој има смисла. Нема на што да се пожалиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×