Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови (0-0) против Ирска во вечерашниот натпревар, а своја минутажа во второто полувреме доби и напаѓачот на Сиетл Саундерс, Дени Мусовски.
Мусовски на стартот од вториот дел влезе во игра на местото на Растодер, но дуелот не изобилуваше со шанси, па така и тој немаше можност да се запише во листата на стрелци.
„Одигравме одлично во натпревар во кој водевме голема борба на теренот. Ирска има квалитетни играчи, но мислам дека прикажавме добра борба и на крајот го заслуживме овој позитивен резултат. Ирците во одбранаата имаат многу физички добри играчи, но и нашите дефанзивци се покажаа добро против корпулентни ривали. Генерално, сметам дека одигравме добро“, изјави Мусовски.